Европол ќе ја гони Исламска држава онлајн

од desk3
80 прегледи

Нов тим од полицајци, со седиште во различни европски држави, ќе ја следат активноста на исламистите онлајн. Нивната главна цел ќе биде да ги бришат профилите на поддржувачи на Исламската држава (ИД) до два часа, откако тие биле регистрирани на социјалните мрежи, пренесе ББС.

2110824210

Роб Вајнрајт, директор на Европол, призна дека следењето на сите онлајн профилите поврзани со ИД, би било премногу голема задача.

“Ќе треба да се комбинира она што го гледаме на интернет, со сопствените информации и со она што го делат со нас од европските полициски служби. Значи, ние ќе можеме да сме повеќе фокусирани и да утврдиме кои се клучните профили … и да се концентрираме над бришењето “, изјави Вајнрајт. Тој додаде дека освен откривањето на исламисти, новата полициска единица ќе се обидува да идентификува и потенцијалните жртви на ваквата пропаганда.

Според Европол околу 5 илјади државјани на ЕУ, вклучувајќи луѓе од Велика Британија, Франција, Белгија и Холандија, патувале до територии освоени од ИД.

Само во последната недела има два случаи на Британци,кои се приклучија кон силите на Исламската држава и добија особена популарност. Се проценува дека 17 годишниот Талха Асма загина во самоубиствен напад во Ирак. Постојат сомневања дека три сестри од Братфорд заминале заедно со вкупно деветте деца за Сирија со надеж дека ќе се приклучат на својот брат, кој се бори против режимот на Асад.