(ВИДЕО) Чавков: Мигрантите имаат право на јавен превоз ама ќе влегуваат преку илегални премини

од desk3
102 прегледи

 
На денешната посета на Куманово, Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека МВР се обидува меѓуресорски да ги решаваме сите прашања поврзани со бранот мигранти во Македонија.

„Поставено е меѓуресорско тело односно работна група која на министерство се среќава еднаш неделно, како и оперативно со секојдневни средби на претставници на разни министерства со цел за амортизација на овие проблеми. Направивме измени во Законот за азил, и почнавме да постапуваме по тие измени со превенирање мигрантите не бидат изложени на разни криминални банди“, вели Чавков.

Според министерот, мигрантите имаат право по сила на Закон за азил да користат јавен превоз и рок од 72 часа за легален престој кога треба да се одлучат дали ќе побараат азил. Чавков очекува ситуацијата со мигрантите да бележи континуитет со ескалација со мигрантите, со оглед на ситуацијата во државите на ЕУ каде се уште не постои координираност по прашање на менаџирање на проблемот со големиот бран бегалци.

Мигрантите ќе мора да користат диви премини во Табановце, потенцираше Чавков со оглед дека мигрантите немаат валидни патни исправи за напуштање на државната граница на РМ.