Вацлав Клаус: Отстранување на Русија од Европа е трагедија

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Отстранување на Русија од Европа може да биде трагична грешка, изјави поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус.

вацлавк
“Русија заслужува шанса да  утврди нова историја, да го открие својот сопствен пат и да биде активен играч на меѓународната сцена. Русија и Западот, заради  разликите , не треба да ги прекинува односите, бидејќи конфликтот меѓу нив е противприроден”, изјави Клаус на состанокот на Валдајскиот клуб во Санкт Петербург.

“Лично јас сметам  за трагична ситуација во Украина,  за внатрешен проблем, а не за украинско-руски проблем или за проблем меѓу Западот и Русија. Нажален сум од новата ера на конфронтација меѓу Западот и Истокот и најчесто меѓу Западот и Русија”, рече уште поранешниот претседател на Чешка.

Вчера Советот на ЕУ официјално ги продолжија санкциите против Русија со уште 6 месеци – до 31 јануари 2016 година Санкциите беа воведени со  анексија на Крим  од Кремљ во пролетта на 2014 година.