(ГАЛЕРИЈА) Зошто вреди да ја посетите Боливија

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Нема агол од светот, што не може да ве фасцинира на свој начин. Секоја земја е единствена по својата историја, култура, природни атракции, начин на живот на локалното население, традиционална кујна и т.н.2cbec6e8a24e5e8bafae7d1645d20d31

Сега фокусот е Боливија – една од најсиромашните држави во Јужна Америка, која и покрај тоа е како еден мал рај.

Убавините кои природата ги создала таму, не се една или две, и дефинитивно вреди да се видат, ако некогаш одлучите да патувате до другиот дел на земјината топка.

Доказ за волшебните природни карактеристики на Боливија се фотографиите на еден турист-ентузијаст кој ја истражувал земјата во текот на цели три месеци.Самиот Антони Харисон ја опишува Боливија како “земја на чудата”.

Тој го започнува своето патување од Исла дел Сол (Островот на сонцето) и го завршува во “Патот на смртта” – еден од најопасните патишта во целиот свет. На неговиот крај Антони и истомислениците завршуваат во фасцинантниот планински град Коројко.

Во нашата галерија ќе ги најдете аматерските фотографии на Харисон, снимени на некои од најубавите природни предели на Боливија – доказите дека вреди да ја посетите оваа јужноамериканска земја.