Џо Манганиело го продаде својот дом во Холивуд Хилс, Лос Анџелес. Холивудската ѕвезда сепак склучи зделка, имајќи 70 000 долари помалку отколку што сакаше.
Сепак актерот не е во загуба, имајќи го предвид фактот дека успеа да го продаде имотот за помалку од два месеци и веќе располага со чек за 1,925 милиони долари.
Џо решил да се збогува со својот дом откако започнал да живее со својата свршеница Софија Вергара.
Имотот со четири спални и три бањи, кој останал ненаселен, бил ставен на пазарот во месец април. Холивудската ѕвезда пак се здобила со него пред две години.
И иако добиената цена за куќата била под објавената, актерот сепак е на добивка од договорот, добивајќи 125 000 долари повеќе отколку што дал самиот тој.
Имотот, изграден во 1963 година, импресионира со стил и практичност.
Посетете ја нашата галерија и проверете го веќе поранешниот дом на Џо Манганиело.