Општина Струга: Државата го стимулира криминалот

од desk3
75 прегледи

download

Цела една низа случувања го карактеризира новото две годишно владеење на Општина Струга. Нашата мисија да ја претвориме Струга во град каков што заслужува да биде, не ни е дозволено од централната власт ВМРО-ДУИ. Тие се трудат на секаков начин, со ниски и нечовечки удари да ја спречат нашата мисија и се што е во интерес и за доброто на Струга и Стружани, се вели во соопштението од општина Струга. Од таму додаваат дека оваа власт безброј пати вршела обструкции за спречување на зацртаните проекти.

„Земајќи средства од буџетот на општината наменети за проекти во интерес на градот и граѓаните, продолжувајќи со неоправдано спречување на проектот за отстранување на времените објекти изникнати на секое место, наследени од бившиот комунистички систем, за да се дојде до последното- спречување за да им се вратат градските плажи на граѓаните“ подвелкуваат во соопштението.

Од општината обвинуваат дека МВР несовесно работи и никогаш не го реши случајот со заканите од страна на лица со криминално досие упатени до градоначалникот на Струга, Зијадин Села.

„Пред неколку недели истите лица му се заканија на Секретарот на општина Струга во неговата канцеларија. И овој случај е истотака пријавен, но на многу сомнителен начин се заборави од полицијата и истражните органи.Од овој начин на делување, односно неделување на надлежните органи, истите лица се осмелија по трет пат, физички да го нападнат и да ја реализираат нивната закана“

Минатата ноќ околу 19:30 едно од лицата, со дебело криминално досие, физички го нападнал Секретарот на општина Струга со единствена цел-спречување на вршење на службена должност. Сето ова се случува заради неказнување и подржување на криминалците од страна на власта и судвото.

Оваа власт во разни форми го подржува криминалот во Струга , но и пошироко.

Ги повикуваме надлежните органи; МВР, судството и Владата на Република Македонија да постапат во согласонст со законот и да го расветлат конкретниот случај и другите слични случаеви. Во спротивно секое службено лице претставник на општина Струга ќе мора да се одбрани на начин како што е нападнат. Ги повикуваме нашите пријатели од ОБСЕ и другите меѓународни представници да реагираат и да извршат притисок врз овие институции, се со цел овие случаи да се спречат и да бидат казнети според законот. На крај, овие случки никако нема да бидат пречка за продолжување на нашата мисија за да се постави ред во секој аспект на функционирање на општина Струга. Овие случки не охрабруваат да продолжиме и понатаму да работиме во интерес на Струга и Стружани, се вели во соопштението