Агенцијата за национална безбедност на САД (NSA) ги шпионирала францускиот претседател Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд во периодот 2006 -2012 година, покажуваат долкументи, публукувани од “Викиликс”, пренесе ББС
Сајтот кој објави доверливи владини информации, цитира “ДРЖАВНА ТАЈНА разузнавачки извештаи и технички документи” од NSA.
САД не потврдија вистинитоста на документите, а Франсоа Оланд свика состанок на Советот за безбедност на земјата по прашањето за среда, изјавил еден од неговите помошници.
Во 2013 година Агенцијата за национална безбедност беше обвинета дека ја подслушувала германскиот канцелар Ангела Меркел.
Откритијата беа обелоденети од страна на францускиот весник “Либерасион” и сајтот “Медиапар”, соопштија светските агенции.
Овие документи со назнака “Топ Сикрет” претставуваат пет извештаи на Агенцијата за национална безбедност на САД, базирани на “пресретнување на комуникации”. Тие биле наменети за САД- “разузнавачка заедница”, пишува “Либерасион”, повикувајќи се на информациите добиени од “Викиликс”.
Последниот документ е со датум 22 мај 2012 година, односно неколку дена по инаугурацијата на Франсоа Оланд.
Прислушувани биле не само разговорите на француските претседатели, но и на министрите и на францускиот амбасадор во САД.
Документите содржат исто броевите на мобилните телефони на многу вработени во Елисејската палата, вклучувајќи директниот мобилен број на претседателот, според “Викиликс”. Во документите се вклучени резимеа на разговори меѓу владините претставници за светската финансиска криза, грчката должничка криза и односите меѓу владата на Оланд и германската влада на Ангела Меркел, пренесува “Ројтерс”.
Портпаролот на “Викиликс”, Кристин Храфнсон изјавил за Асошиетед прес дека е сигурен дека документите се автентични. Тој истакнал дека претходните откритија на сајтот биле точни. Портпаролот одбил да коментира како “Викиликс” ги добил документите, но увери дека францускиот печат “може да очекува уште откритија во блиска иднина”.
Белата куќа одби да ги коментира или да демантира информациите.
“Ние не правиме коментари по конкретни тврдења поврзани со разузнавањето”, изјави Нед Прајс, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Тој истакна дека САД не водат разузнавачки операции во странство освен ако постои конкретна и сигурна закана за националната безбедност. “Ова важи како за обичните граѓани, така и за светските лидери”, додаде тој.
Прајс увери синоќешната писмена изјава дека американските тајни служби не се занимаваат со прислушување на телефонските разговори на францускиот претседател Оланд. Според зборовите на Прајс, контактите на претседателот Оланд не се и нема да бидат цел на разузнавачките служби на САД.
