Постојат сили кои ги поткопуваат обидите за мир во Украина, загрижена “Нормандската четворка”

од desk3
76 прегледи

“Нормандската четворка” (Русија, Франција, Германија и Украина) ја потврдија својата посветеност да се применат спогодбите од Минск и повикаа за деескалација и прекин на огнот во Донбас, објавија светски агенции.

Средбата на министрите за надворешни работи на четирите земји се одржа во француската престолнина и заврши по повеќе од 3 часовни преговори на полноќ.

430x330

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборуваше пред руски новинари, а германскиот топ дипломат Франк-Валтер Штајнмаер пред германскиот печат. Конечното коминике беше најавено од домаќинот – министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус. Украинскиот министер за надворешни работи Павле Климкин напиша само краток коментар на “Твитер”.

Четворицата министри ја потврдија својата посветеност целосно да се применат Минските договори кои беа склучени во февруари 2015 година. Тие исто така потврдија да работат во овој формат и планираат да направат се што е можно да се обезбеди спроведување на обврските за решавање на кризата, се истакнува во соопштението.

По средбата Лавров рече дека четворката едногласно зборувала против обидите да се прекине извршувањето на договорите и ситуацијата во Донбас да се врати на воено сценарио.

Има чувство дека има сили кои сакаат да го застанат процесот. Не сакам да ги споменувам. Многу сили сакаат воено сценарио за различни причини. Некои сили сакаат ситуацијата да не се подобри, туку напротив – да се влоши, изјави Лавров.

Сите четворица министри цврсто се изјаснија против такви обиди, тие го поддржуваат “Минск-2” да остане база за заеднички напори. Моите колеги од Германија и Франција истакнаа дека нема алтернатива на “Минск-2”, истакна Лавров.

Според него , тој ја поддржува идејата за воспоставување на директен дијалог меѓу Киев и проруски сепаратисти.

“Нормандската четворка” исто така, ја повика подгрупата за безбедност да постигне договор до 26 јуни за повлекување на тенковите и оружјето со калибар помал од 100 mm. Повлекувањето треба да се случи во наредните недели, се вели во документот.

Тие исто така се изјаснија за демилитаризација на регионот на Широкино како прв чекор кон поширока демилитаризација на фронтот.

Министерот за надворешни работи на Германија, изјави дека ОБСЕ мисијата ќе го набљудува прекинот на борбите во областа на Широкино.

Фабиюус истакна дека министрите за надворешни работи се вознемирени од ситуацијата во Донбас.