Колеџот Сент Кетрин е првиот во Кембриџ, кој им овозможи на мажите да носат здолништа на официјални вечери, пишува британскиот весник “Телеграф”.
Спорот за тоа дали на жените треба да им биде дозволено да носат панталони може да изгледа како остаток од 20-тиот век. Но, дури и во 2015 година битката за полова еднаквост беснее, особено во универзитетот Кембриџ, каде дамите се должни да носат здолништа, ако сакаат да се хранат во салите, наменети за таа цел. Колеџот Сент Кетрин, основан во 1473 година секогаш инсистираше учениците од машки пол да носат сако и вратоврска на вечерите, додека жените кои пристапуваат до колеџот во 1979 година, треба да носат здолниште или фустан.
Вековната традиција сепак беше променета од транссексуалец студент кој успеал да го убеди раководството на колеџот дека жените треба да можат да носат панталони, а мажите здолништа.Така “Сент Кетрин” е првиот колеџ во Кембриџ, кој менува правилата, иако се очекува и други да го следат неговиот пример.
Кампањата ја започна 25-годишниот Чарли Нортроп кој подготвува докторат по класични науки.