Модниот дизајнер Жан Пол Готје го создаде дизајнот на пакувањето на новата серија чај на брендот “Kusmi Tea”.

Новото пакување ќе содржи чај од видот “Анастасија” и “Принц Владимир” – производи на брендот, кои претставуваат кинески чај со различни вкусови.
Дизајнот на пакувањето е во карактеристичниот за Готје морски стил – бела и сина боја шари, украсено со винтиџ модели на тетоважи. Линијата беше официјално претставена за време на ретроспективна изложба на дизајнерот во музејот “Гран Пале” во Париз. Чајот во посебно пакување може да се нарача онлајн, а освен тоа ќе се продава и во рамките на изложбата, која ќе трае до 3 август.