Gmail овозможи враќање на испратен мејл

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Gmail официјално ја направи опцијата „undo send“ достапна за сите корисници. Опцијата овозможува мејлот кој што сте избрзале и сте го пратиле недопишан или на погрешна личност, во рок од најмногу 30 секунди „да го вратите назад“, односно да го откажете испраќањето.

Функцијата ќе поштеди од препотување многу корисници.Gmail-Undo-Send (1)

Функција за првпат беше претставена пред 6 години, но до оваа недела беше достапна само преку Gmail Labs, односно за корисниците кои што вклучуваат тест функции на email сервисот.gmail-undo-send

Undo Send овозможува да го откажете испраќањето на пораката по притискање на Send копчето всушност преку одложување на испраќањето на одреден број на секунди. Така вие добивате време во кое што можете да се премислите.BN-JB260_undo06_G_20150623140128

Функцијата ќе биде автоматски вклучена за корисниците кои што ја имале користено до сега преку Labs, а останатите ќе мораат рачно да ја вклучат преку General делот во прилагодувањата (Settings). Функцијата овозможува избор на времето кое што ќе биде достапно за откажување, односно време од 5, 10, 20 и 30 секунди, по што пораката ќе биде испратена.