Во специјалното претставништво на Атина во Скопје заврши средбата меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и претседателот на ДУИ Али Ахмети, на која, како што информираат од ДУИ, се зборувало отворено и конструктивно за односите помеѓу Скопје и Атина.
Од ДУИ соопштуваат: „Министерот Котзиас го нагласи грчкото залагање и интерес за да се постигне решение за прашањето со името врз основа на компромис помеѓу двете земји, но истовремени ја подвлече и Грчката готовност силно да се поддржи Скопје на патот кон НАТО и ЕУ.
Претседателот Ахмети по средбата изјави дека забележал посебен интерес кај Грчката страна за решавање на меѓусоседските отворени прашања и истакна дека ДУИ ќе се залага силно за надминување на сите пречки кои што го оневозможуваат интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ.
ДУИ е партнер на сите страни кои што се залагаат за мирен, сигурен и стабилен регион, целосно интегриран во НАТО и ЕУ и затоа нашите напори за да се реализираат овие цели нема да престанат.“