Технократијата го повика Камерон да ја задржи земјата во Европската унија

од desk3
87 прегледи

Водечките британски компании го повикаа премиерот на земјата Дејвид Камерон да работи за останувањето на Велика Британија е Европската унија.

FAH-H5315116davidcameron

Лидерите на компании како Бритиш Телеком, ИзиДжет, Би Еј И Системс, Хоган Сајдер и Вирџин груп се обратиле со отворено писмо до Камерон со барање да ја задржи земјата во ЕУ, пренесе “Ројтерс”, цитирана од агенциите.

Откако освои неочекувано голема победа на парламентарните избори во мај, Камерон вети дека ќе преговара со партнерите од ЕУ условите на британското членство и ќе свика референдум за него до крајот на 2017 година, потсетува агенцијата

Додека премиерот се подготвува да ги претстави своите предлози на европските лидери денеска во Брисел, 27 шефови на големи британски компании го повикаа “да не ги заклучува Британците надвор од ЕУ”. “Како бизнис лидери од различни сектори, мали и големи компании, ние сме на мислење дека без никакво сомнение е во интерес на Велика Британија да остане во ЕУ”, пишуваат тие во писмо објавено денеска во весникот “Тајмс”.

“ЕУ воопшто не е совршена и затоа премиерот е во право да побара промени, за да стане сојузот поефикасен и конкурентен. Најдобар начин да се постигне ова е да си во собата и да се бориш за него, а не да си однадвор и да удираш по вратата “, се вели во писмото, цитирано од Ројтерс.

Ова писмо е најновиот знак дека кампањите за и против членството во ЕУ регрутира брзински, наведува Ројтерс. Евроскептичната група објави извештај оваа недела, во кој рече дека Велика Британија може да напредува надвор од ЕУ на која таа се приклучи во 1973 година