Маскиран како пенис норвешки студент го подложува на тест чувството за хумор на своите сонародници.
19-годишниот Филип ван Ек се појавува пред вљубени двојки, друштва во кафуле и сл. и “ејакулира”, прскајќи конфети. Неговите активности, сепак не се само за забава, туку дел од сексуално-едукативна кампања.
Некои од “жртвите” се навредени, други ги прифаќаат активностите на Филип со смеа. Самиот тој вистински се забавува. “Ја добив работата, бидејќи сум прилично висок – 198 см. Треба таков како мене, кој ќе го исполнува костимот”, открива младиот Норвежанец.
Пенис-шоуто е всушност дел од видео кое агитира граѓаните на Норвешка да имаат безбеден секс. Според податоците на организаторите на кампањата годишно во близина 23 000 Норвежани “закачуваат по нешто” поради неупотребата на кондоми.