После обилниот дожд големи поплави во Сочи

од Vladimir Zorba
76 прегледи

По неколкучасовните обилни врнежи во руското одморалиште Сочи денеска следуваа огромни поплави кои го парализираа животот во градот, запрен е железничкиот сообраќај, а од поплавите се уништени и повеќето автомобили.

Според Russia Today, во Сочи е испратена и војска за да помогне во евакуацијата на луѓето од селата околу градот. Нема информации за жртви или повредени, јавува Ројтерс.

Снимателот од местото на настанот, информира дека на многу граѓани им се поплавени подрумите, а кај некои во дворовите водата е до колена. Во некои делови од Сочи нема вода, гас и електрична енергија.

Од дождот се загрозени и други области на Јужна Русија, вклучувајќи го житниот регион Краснодар, каде жетвата започна пред неколку дена. Експертите предвидуваат дека ќе се намали квалитетот на пченицата може да се намали во некои области, но сепак сметаат дека дождот не би оставил катастрофални последици по жетвата, бидејќи се очекува врнежите да запрат за три дена.