Кина е на прво место меѓу осомничените за големи хакерски напад против американска државна агенција, која е компромитирана со личните податоци на милиони Американци.
Ова го изјави директорот на американското Национално разузнавање Џејмс Клапер пред “Волстрит џурнал”, цитиран од агенцијата Ројтрес. Коментарот отстапува од линијата на администрацијата на претседателот Барак Обама, кој избегнува да отворено да ја обвини Кина во слични активности.Сепак официјални претставници често делат анонимно дека токму Пекинг стои зад сајбер нападот. Според Клапер Кина би требало дури да биде поздравена за она што го сторил, со оглед на комплексноста на пенетрација, кое било спроведено, додава американскиот весник. Претходно во овој месец стана јасно дека личните информации на 4,2 милиони Американци – сегашни и поранешни федерални службеници, била компромитирана при онлајн нападот, иако според некои медиуми во земјата може да станува збор дури и за 18 милиони погодени Американци .
