Европа влегува во нова ера на кинескиот капитал

од desk3
89 прегледи

Кинескиот капитал во Европа се зголемија од практично нула ниво во средината на првата деценија на векот до 14 милијарди евра во 2014 година, покажа првото сеопфатна истражување на кинескиот капитал на Стариот континент, пренесоа агенциите.

евра

Од 2000 до 2014 година над 1.000 кинески проекти и превземања во земји членки на ЕУ изнесуваат вкупно над 46 милијарди евра, според извештајот на институтот Меркатор за кинески студии (Mercator Institute for China Studies) и групата Родим (Rhodium Group).

Влегуваме во нова ера на кинескиот капитал. Првиот бран на кинескиот капитал достигна ди Европа, според извештајот, до кој ДПА имал пристап и ќе биде објавен во Брисел во понеделникот.

Директните инвестиции на кинески компании во странство надминуваат 100 милијарди долари годишно, а се очекува кинеските глобални инвестиции тројно да се зголемат од сегашните 6,4 трилиони до 18 трилиони долари до 2020 година, се наведува во извештајот.

Кинеските компании инвестираат повеќе во недвижен имот, технологија, марки и други средства во развиените економии, преместувајќи го фокусот на инвестиции од природните ресурси во земјите во развој, се наведува во документот.

Во Европа Германија е втор по големина примател на кинески директни инвестиции, а големината им варира помеѓу 1 и 2 милијарди евра годишно, а унапредениот германски индустриски сектор презема над 65 проценти од кинеските инвестиции по 2000 година.

Процут на кинеските директни инвестиции ќе донесе придобивки за Европа, но авторитарниот кинеска политички систем и недостатокот на отвореност за директни инвестиции во Кина будат познати грижи, се наведува во извештајот.

Според документот најмногу проблем е асиметријата во пристапот до пазарите меѓу Кина и Европа.