Турскиот претседател Реџеп Ердоган изрази незадоволство од напредувањето на курдските сили во северна Сирија, велејќи дека Анкара никогаш нема да дозволи создавање на курдска држава во Сирија пред вратите на Турција.
“се ослонувам на меѓународната заедница. Без оглед на цената што треба да се плати, ние никогаш нема да го рдозволиме воспоставувањето на нова држава на нашата јужна граница, во северна Сирија”, АФП го цитираше Ердоган.
Турските медиуми ги цитираат неговите обвинувања на адреса на курдските сили кои ги одбија џихадистите од Исламската држава во неколку реони во близина на сириско-турската граница, дека ја “променуваат демографската структура” на зоните кои заземаат.
Турскиот претседател го има во предвид арапското и туркменското (турски зборувачко населени) население во овие области.
Тој повторно негираше дека Анкара манифестира попустливост кон џихадистите. Голема клевета е да се обвинува Турција дека има врски со која и да е терористичка организација во Сирија, рече тој.
Курдските сили во Сирија (YPG) одржуваат врски со Курдската работничка партија (ПКК), која во 1984 година започна вооружен бунт во Турција и е сметана од турските власти за терористичка група.
Евентуалното создавање на автономна зона под контрола на ПКК во северна Сирија е извор на грижи за Анкара, на прво место бидејќи нејзините сопствени Курди може да се инспирираат од тоа, а и затоа што таа територија ќе граничи со автономниот регион Курдистан во северен Ирак.
Во интервју во петокот за весникот “Хуриет” Салех Муслим, водачот на Партијата на демократскиот сојуз (PYD), главната сириска курдска партија чие вооружено крило е YPG исклучи создавање на сириска курдска држава. Немаме такви планови, изјави тој.
