Партијата на словенечкиот премиер Мири Церар ја поддржа неговата студена реакција во Брисел, пред неформалниот состанок на Советот на ЕУ, кога претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, направи не дипломатска и непримерна солена шега, која некои ја оценија како понижувачка.
Додека Миро Церар, во седиштето на Советот на Европската унија, пред палатата Јустус Липсиус, одржуваше кратка прес-конференција, Јункер,со дланка му ги затвори очите, пишува Јутарњи лист.
Еден словенечки дипломат, кој сакаше да остане анонимен, рече дека таквото однесување на Јункер е понижувачко и деградирачко.
Претседателот на Европската комисија е познат по сличните киксови, вели дипломатот, наведувајќи ги примерите кога Јункер го поздрави унгарскиот премиер Виктор Орбан како “диктатор”, а грчкиот премиер Ципрас пријателски го “шлакна” по лицето. Тој за време на заедничката прес-конференција со хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, зборуваше на телефон.
На јавната критика реагираше и партија на премиерот на Словенија. Таа на својата веб-страница прокомемнтира – тоа е “хумористични поздрав,” не е гест, кој е надвор од опсегот на дипломатското достоинство.
Церар мирно реагираше по првичното изненадување на однесувањето на Јункер, кој на неколку секунди му го покри лицето со дланка. Тој смета дека тоа е шега, што е доказ дека во Европската унија сите пријатели./Репортер