Конечно најмоќните војни и волшебници во играта “Fire Emblem” на “Нинтендо” можат да бидат хомосексуалци, пишува “Хафингтон пост”.
Портпаролот на најголемиот производител на гејмерски конзоли во светот потврди дека играчите ќе можат да склучуваат истополови бракови.
За неупатените, односите меѓу ликовите често играат централна улога во култните игри. Вашите херои можат да се дружат, да имаат љубовни врски, да одгледуваат деца воини кои им помагаат во битките, итн
Не е јасно каде е местото на потомството во новата игра кај хомосексуалните ликови.
“Ние веруваме дека нашите гејмерски искуства треба да ја одразуваат разновидноста на заедниците”, рекоа од јапонската компанија, која минатата година мораше да се извини јавно за тоа дека го дискриминирала овој дел од играчите.