Арсим Зеколи за БГНЕС: Македонската елита не сака да го отстрани стариот систем

од desk3
216 прегледи

 

Промената на постојниот систем во Македонија не е прашање на избор, туку е од значителен интерес за нејзината иднина. Блокадата кон Бугарија сеуште постои, особено на културното и медиумското поле. Ова го изјави за БГ НЕС познатиот македонски политички аналитичар и дипломат Арсим Зеколи.

7e35ed48a5120fd7f220228a5ad03597

Агенција БГНЕС го објави целосниот текст на интервјуто:

БГНЕС: Не е ли време Република Македонија да се ослободи од овој систем, формирана уште во текот на Титовата диктатура во 1945?

Арсим Зеколи: Во последниот извештај на американскиот Стејт департмент за човековите права фигурира еден пасус, кој може да послужи како најточна дефиниција за тоа што претставува “системот” во Македонија. Ја дава следнава дефиниција “фаворизирање на етаблирани личности во општеството”. Тоа значи дека системот гарантира дека секој кој се појавил на политичката сцена ќе настапи со утврдените правила на игра и нема никаква веројатност од појава на нови ставови, кои ќе ја загрозат воспоставената политичка, економска, културна или медиумска елита.

Ако вашите ставови или мисли не се вклопуваат во рамките на овој затворен елитистички систем, ќе бидете или елиминиран уште во самиот почеток, или ќе бидете подложен на координирана, систематска и безмилосна кампања за сатанизирање, изолирање и стигматизација како антидржавен елемент. Ова разбирање на политиката е наследство од претходниот систем, во кој под обвивката на идејно-политичката подобност се обезбедуваше очекувана послушност кон партијата, братство-единство, социјализмот. Но истиот пристап се наследи и во новиот систем, но овој пат послушноста беше кон четирите големи партии и нивните противречни програми, кои сепак се почитуваат, кога на хоризонтот ќе се појави некој фактор кој може да ги загрози нивните интереси. Одамна требаше да се стави крај на овој систем. Прашањето е дали политичката елита има желба да се раздели со оваа систематска манипулација на граѓаните и да се воспостави вистинска демократија во која различното ќе се почитува, а не да се сатанизира. Граѓаните се подготвени и сакаат промена на овој систем, но не сум убеден дека политичката, економската и медиумската елита во Македонија се подготвени за тоа. Напротив. Ако внимателно се погледне на овој процес на интеграција во ЕУ, ќе најдете дека дури и со оние божем проевропски реформи се манипулира во насока на опстанокот и доминацијата на истите од овој систем, но овој пат под една лажна европска обвивка. Поради оваа причина оваа криза и судир меѓу украдената држава и поробеното општество ќе продолжи и нема да се смири додека општеството не се ослободи од ограничувањата на посткомунистичкиот систем и менталниот код кој управува со него.

БГНЕС: Не ли има потреба Република Македонија од нови основи, особено откако имавте две кризи – првата во текот на летото на 2001, а втората денес, а исто така да не заборавиме дека референдумот со кој во 1991 година беше прогласена независноста на земјата не беше признат од сите?

Арсим Зеколи: Историски најважната криза која ја одредува судбината на Македонија и распределбата на силите во општеството не беше ниту онаа од 1991 година, ниту оваа од 2001 година, туку кризата од Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година и вклучување на Југославија во поддршка на тамошната комунистичка партија. Желбата на Тито да помогне на комунистите во Грција беше првиот конфликт со Сталин, како и со Албанија и Бугарија. Во оваа мала нијанса се содржи ембрион на односот кон Македонија како сфера на интерес и коридор меѓу Белград и Атина во кој влијанието на Југославија / Србија денес / и Грција е добредојдено, за разлика од тоа на Бугарија и Албанија, кои и до ден денешен се сметаат за лошите момци, кои и мислат најлошото на Македонија. Војните во поранешна Југославија и посветеноста на САД и Европската унија само го продолжија ова прашање во името на обезбедувањето на мирот и стабилноста, но во исто време ја продолжија агонијата на еден систем кој долгорочно не е од корист ниту на стабилноста, ниту на мирот, ниту на луѓето од овој регион.

Односите со Србија и Грција се развиваат во сите насоки – на државно ниво, политичко, економско и социјално, а оние со Албанија и Бугарија се само на државно, при тоа тие се строго контролирани, политички ограничени и економски внимателно дозирани со цел да не се наштети на непишаната сфера на интереси. За јавни врски не може да стане збор и морам да признаам дека оваа херметичка затвореност кон Бугарија особено се набива на очи. Албанците, благодарение на својата бројност, успеаа да пробијат дупка во ѕидот и да ја разбијат оваа блокада кон Албанија. Блокадата кон Бугарија сеуште постои, особено на културното и медиумското поле. Македонското општество познава само некакви фолк пејачки од Бугарија и изјавите на некои политичари од периферијата / чии провокативни изјави не помагаат за зајакнување на врските / кои широко се одразуваат. Мислам дека ретко може да се сретне некој македонски интелектуалец кој че изброи барем две имиња од современата литературна и културна сцена, да посочи наслов на филм или да има претстава од Софија. Треба да бидеме искрени, истото важи и за претставите за Грција поради спорот за името. Само навидум изгледа добро статусот на врските со Србија, бидејќи и од таму не тушираат со турбо фолк ѕвезди, кич и едноставност.

Зошто е ова важно? Херметичкото затврорање го докажува колапсот на политичката елита и политичката мисла во Македонија, која е неспособна и немоќна де се справи со промените околу нас. Затоа инсистира за уште поголема повлекување дизајнирано за да ја загрозат сопствената и недовербата кон соседите, не заради нивните замислени мотиви, туку поради горчливата борба на системот да остане недопрен од промените. И со тоа оваа елита не влегува само во судир со соседите, ЕУ и НАТО, но и со сопствените граѓани.

И најмногу со младите кои имаат самодоверба да влезат во директна трка со другите народи во светот, вклучително и во областа на политиката, економијата и најмногу во културата, каде што има голема традиција. Оваа своја подготвеност младите ја демонстрираат преку напуштање на татковината, каде што не добиваат шанса. Затоа промената на сегашниот систем не е прашање на избор, туку е од значителен интерес за подобра иднина на Македонија.

БГНЕС: Никола Груевски и неговиот коалиционен партнер Али Ахмети не се ли исто така дел од овој стар систем кој треба да се смени?

Арсим Зеколи: Мислам дека контурите политичката природа на Груевски е во првиот одговор во однос на тукашниот начин на селекција и наметнување на лицата во политиката. Неговиот подем во политиката не се должеше на неговото знаење, способност и умешност. Напротив – на неговите способности под средното ниво, кои вешто се камуфлирани од страна на системот, кој го велича поради тоа што со него се гарантираше нејзиниот опстанок. Тоа е причината поради која Груевски никогаш не презеде – или не му беше дозволено – да влезе во директна медиумска полемика и дебата со неговите политички противници. Неговиот страв пред Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска беше еднаш одбележан, но сега мислам дека стравот од Зоран Заев е уште поголем. Како поради информациите на лидерот на опозицијата, така и поради неговата популарност меѓу средните и пониски слоеви на општеството, вклучувајќи и меѓу Албанците. Поради што мислам дека најчудното кај Груевски е дури што и тој самиот не е сосема свесен за невидливите конци околу него, кои му дејствуваат како на марионета. Тој како да имаше можност да донесе вистинска, квалитативна промена на системот и мисловната матрица на земјата, но со својата неписмена ароганција и неговата придружба од шпекуланти и кукавици се утврди за демонстрација на гола сила за преправање на сопствената лицемерна духовна природа преку наметнување на чудна материјалистичка супериорност. Најтажното од сè е што не само што не успеаја да ја уништат мрежата, наследена од комунизмот, но наместо тоа направија карикатура од македонскиот национален идентитет, кој неговите предци граделе со векови.

Ахмети пак е сосема друга приказна, биде со начинот на своите политички активности тој е типичен приспособувач кој се зближува со оваа континуирана сила, која му гарантира подем, опстанок или спас во политиката. Ахмети нема идеологија, нема духовна ориентација, нема национализам, ниту пак има замислена или побарано друга цел освен таа да биде на власт по секоја цена. Тој беше марксистичко-ленинистичкиот револуционер, кога тоа беше популарно во 80-тите години, за време на престојот во емиграција и војните во Косово и Македонија, се обидуваше да стане поголем Косовар од Косоварите, а поради Сали Бериша и Хашим Тачи се припишуваше кон десницата / но сега тоа не му се придава со Еди Рама како социјалист по убедување /. Додека исламистите му носеа гласови, имаше симпатии кон нив, но кога тоа стана опасно за пред Западот – стана поправославен од охридскиот митрополит, а кога Црвенковски беше премиер за малку да го прифати за идол, но за пократок период на адаптација се ориентира во исто време кон Груевски. Впрочем, за неговата индивидуализирана природа доволно зборува фактот дека ја утврди идеолошки својата партија ДУИ како тематска. Преведено на нормален јазик, тоа би можело да се интерпретира како “зависи кој е на власт кај Македонците и кој од нив нуди повеќе”.

БГНЕС: Која е гаранцијата дека ако системот, основана во 1945 година, не биде ликвидиран еденаш за секогаш нема да имаме повторување на ситуацијата со она што правеше Груевски во сите овие години, кога е на власт?

Арсим Зеколи: Не треба да чекаме иднината, за да ги видиме последиците од освојувањата на овој систем. Доволно е да поминеме ден-два на граничните премини и да видиме како најдобри, најспособните, најмногу борбените деца заминуваат, бегаат од земјата, која сепак ја сакаат. Кога еден систем станува Скршен и нанесува повеќе штета отколку корист, граѓаните или го осиромашуваат преку демократски избори или гласаат за неа со нозете, така како што граѓаните на социјалистичка Германија го направија тоа во крајот на 80-тите години. Поради ова имам резерви во однос на сите овие преговори и разговори за следните избори. Од сето кажано досега мислам дека очигледно сам по себе е заклучокот дека Груевски и Ахмети се гаранти на недемократичноста, неправдата и поробувањето во кој и да било изборен циклус, во кој тие имаат одлучувачка улога. Мислам дека нашите партнери од САД се сосема свесни за тоа, но останува и ЕУ конечно да ја види реалноста онаква каква што е и да земе цврста и категорична позиција кон ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Сето останато е само мимикрија на соработка и добронамерност од страна на Брисел кон Македонија, која во очите на овдешните граѓани неизбежно ќе доведе до капитулација на европските политики пред насилството на грст невнимателни политичари.

Но исто така сметам дека и опозицијата треба да се надмине себе и да ја напушти предвидливата меѓупартиска борба и конечно да се соочи, справи и повика за прекин на системот, скроен според потребите на елитата. Имам чувство дека луѓето препознават во Заев образ и волја, кој е подготвена за таков историски пресврт, за нов почеток и шанса, при што секој може да најде можност за себе. Токму поради фактот дека Заев и лично, и јавно не е дел од политичката елита и матрицата на културата на главниот град, која со децении ја стегаше земјата поради приватни и ограничени интереси. Но, мислам дека е време да се испрати јасно и јавно предупредување до партнерите од САД и ЕУ дека можностите на Заев и јавната опозиција за реализација на вистински позитивен пресврт во земјата се директно зависни од нивната подготвеност за политички, дипломатски и материјално да ги поддржат напорите за промена не само на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, но и на вкупниот општествено-политички систем на земјата. Затоа, од клучно значење е да се разбере дека она што се случува сега во Македонија, не е криза, туку шанса и можност за вистински промени. Вистинската криза ќе се случи ако ЕУ и САД не ја разберат и пропуштат оваа историска – и се плашам – неповторлива шанса за уривање на овој истрошен, застарен и страшен систем. / БГНЕС