Денешните рекламни кампањи ја претставуваат идеалната слика на мажот и жената.Посилниот пол е убав, мажествен, има стил и секогаш е со бронзен тен.
Нежната партнерка поседува совршено тело, густа коса, полни усни и секој фустан ѝ стои прекрасно.
Од другата страна стојат корисниците кои се обидуваат да заличат на своите идоли и вложуваат жестоки напори во оваа насока.
Токму тоа е целта и на рекламните кампањи – играат со слики и совршени претстави, кои често се нереални и неостварливи.
Бидејќи е многу лесно да се види убава рекламна кампања за машка мода, решивме да ви го претставиме токму спротивното – безумните проекти и апсурден изглед на овие проекти од минатото.
Вистината е дека во времето во кое тие биле актуелни, ги исполнувале апсолутно потребите на својата публика – токму онака како што во денешно време она мускулесто момче ни намигнува сладострасно, повикувајќи нѐ да си купиме нов шампон за коса.
Или барем да го земеме за нашата партнерка.
Интересно е дека трендовите кај мажите во минатите години биле доста … женствени.Искрено се забавувавме при глетката на машка ноќница во морски шари, појас на половината, плетеното пончо, боди, туники и така натаму.
Ги пронајдовме најбезумните рекламни кампањи од минатото и со радост ве покануваме да се смееме заедно во нашата галерија.