Политичката криза во Република Македонија се продлабочува, наспроти напорите вложени во преговорите со посредство на меѓународната заедница. Владејачките структури во земјата веќе ја покажаа својата неподготвеност за суштинско и чесно учество во овој тежок процес, ниту да ја преземат одговорноста за масивната злоупотреба на власта и криминалното однесување. Преговорите и договорите со посредство на меѓународните претставници отворено се конфронтирани со низа лажни мерки на владата, пораст на популизмот и интензивирана медиумска офанзива на премиерот Никола Груевски и неговите соработници.
Следејќи го развојот на политичката ситуација во земјата, тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода работеше на сумирање на мислења, препораки, анализи и барања од различни политички субјекти, организации на граѓанското општество и на стручни лица кои беа консултирани од тимот во изминатите неколку недели. Нивниот придонес е објавен на веб-страницата на ЦИВИЛ, а објавени се или цитирани од страна на неколкуте преостанати независни медиуми во земјата. Претходно, тимот на ЦИВИЛ подготви и објави неколку препораки на 9 јуни, врз основа на анализата изготвена во рамките на организацијата.
Во продолжение на овие активности, ги претставуваме овие коментари и препораки врз основа на политичкиот договор од 2 јуни 2015, со надеж дека тоа ќе помогне процесот да стане чесен и дека ќе придонесе за враќање на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во земјата.
1. Договорот од 2 јуни предвидува враќање на опозициската СДСМ во Собранието. Според тоа, СДСМ ќе управува со парламентарна анкетна комисија за скандалот со прислушувањето. Комисиите за интервенцијата во комуникациите, исто така, ќе бидат управувани од страна на СДСМ и ќе започне истрага за грешките на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Ова се коментарите и препораките по оваа точка од договорот:
а) Лажната кооперативност на владејачката партија во овој момент стана очигледна веќе со формирањето на парламентарната комисија за спроведување на УБК, во чиј состав формално влегоа три поранешни пратенички на СДСМ. Ова парламентарно тело сега е блед сурогат на она што е договорено и нема суштинска врска со преговарачкиот процес.
б) Очекуваме истражната комисија во рамките на парламентот да обезбеди вистинска функционалност и независност.
в) Мора да се добијат цврсти гаранции за непречено функционирање и пристап до сите информации, документи и архива во МВР, УБК, АЕК и сите останати институции кои се релевантни за истрагата, како и на други локации, доколку се појави потреба за тоа.
г) Нивото на релевантност на мерките и потребниот материјал што треба да се обезбеди за истрагата го одредува опозицијата.
д) Сепак, останува прашањето: Колку од архивите и информациите се уништени или скриени досега? Ова значи дека ние не можеме да се очекуваме да се спроведе релевантен и коректен процес, имајќи ги предвид искуствата со претходното однесување на Владата.
ѓ) Исто така, важно е да се создаде комисија во која ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и нивните коалициски партнери, сите заедно, нема да сочинуваат мнозинството во ниедна комисија.
е) Наодите на комисиите треба да повлечат итни правни разрешници. Треба да се формира посебно правно тело (суд) кое ќе дејствува врз основа на фактите, заклучоците и извештаите од неговата работа.
Ова легално тело треба да биде составено од меѓународни правни експерти (Меѓународен суд на правдата, итн.), избрани во соработка со експетската група од Европската комисија, на чело со Рајнхард Прибе.
ж) Комисиите формирани во рамките на парламентот во својот состав треба да вклучат експерти од граѓанското општество и странски експерти.
з) Владејачките партии треба да се воздржат од медиумски акции насочени кон дискредитирање на работата на комисиите.
2. Во однос на делот од договорот кој се однесува на обврската првиот извештај на Комисијата да биде подготвен во ноември 2015, ние го предлагаме следново:
а) Комисиите треба да почнат со работа само по враќањето на опозицијата во парламентот.
б) Комисијата треба да биде обврзана да поднесува периодични извештаи за активностите и да ја интензивира својата работа со цел да поднесе детален извештај до крајот на октомври 2015.
3. Во однос на точката во договорот за необјавување на прислушувани материјали, ние инсистираме на следното:
а) СДСМ даде ветување и има обврска кон јавноста да го објави целиот материјал што го поседува.
б) СДСМ може да земе предвид да запре со објавувањето на материјалите во случај на оставка на целата влада.
в) Сите лица кои поседуваат имунитет или на кој и да е начин уживаат неказнивост, треба веднаш да бидат лишени од тие привилегии.
4. Кон средината на јуни и крајот на август 2015 година, ЕУ ќе го олесни меѓупартискиот дијалог (отворен за сите партии застапени во Собранието) за постигнување договор за прашањата од структурни реформи.
Го повторуваме барањето за вклучување на претставници на граѓанското општество во преговарачкиот процес или ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА да ги застапува само еден претставник.
5. Да се спроведат реформи во областа на поглавјата 23 и 24.
Ова е суштински член на договорот и мора соодветно да се третира. Врз основа на ова, ние инсистираме кај власта и политичките партии да преземат чесни, решителни и итни мерки во правец на овие барања.
а) Избор на нов Јавен обвинител и итни реформи на Јавното обвинителство до крајот на август. Ова е најважна и најитна мерка која ќе обезбеди минимални услови за демократизација на земјата.
б) Реформите во правосудниот систем треба да започнат веднаш. Најитна мерка е избор на нови претседатели на сите судови во земјата.
в) Итна истрага за безбедносната криза во Куманово од 9 мај 2015.
г) Итна истрага за содржината на прислушуваните разговори.
6. Партиите се согласуваат со спроведување на сите препораки кои ќе бидат развиени од страна на Европската комисија во врска со системските прашања на владеењето на правото.
а) Со цел да се постигнат ефективни промени во рамките на системот и владеењето на правото, бараме безусловна и неодложна имплементација врз основа на Извештајот на експертската група на Европската комисија на чело со Рајнхард Прибе.
б) Извештајот на експертската група на Европската комисија на чело со Рајнхард Прибе е основа за преговорите закажани за 29 јуни, но и за секој иден чекор.
7. Составот на Државната изборнак ќе се ревидира и модифицира до 31 Јули 2015. До 30 септември 2015 година, на Државната изборна комисија ќе ѝ се дадат зголемени овластувања за да обезбеди слободни и фер избори. Сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР ќе се применуваат, вклучувајќи ја и ревизијата на Избирачкиот список.
ЦИВИЛ објави бројни препораки врз основа на изборниот мониторинг и анализите уште од 2009 година. Во оваа смисла, ние во повеќе наврати ја повикавме Владата да го реформира и да ги зголеми овластувањата и работата на ДИК.
а) Реформи на ДИК: Комисијата треба да биде составена од домашни и странски експерти и претставници на граѓанското општество, а не од партиски претставници. Оваа мерка е од суштинско значење за ослободување на ова тело од влијaнието на било која политичка партија. Членовите на Државната изборна комисија во наредниот период на стабилизација и демократизација на земјата треба да бидат селектирани од страна на меѓународен тим на експерти.
б) Ревизија на Избирачкиот список: Ова е обврска и одговорност на ДИК, со која МВР, матичните служби, судовите, Агенцијата за статистика, како и други релевантни извори на податоци, мораат да соработуваат во целост и да бидат на нејзино располагање.
в) Ревизијата на Избирачкиот список треба да биде спроведена под силен надзор на независен орган составен од граѓанското општество и од домашни и странски експерти кои ќе имаат увид во работата на ДИК и сите останати институции инволвирани во оваа операција. Специјален тим да спроведе и теренска проверка за верификација на податоците од Избирачкиот список.
д) Идејата за регистрација на гласачите е проблематична имајќи го предвид политичкиот и институционалниот контекст во земјата.
ѓ) Реформи на изборниот систем: Овие реформи вклучуваат голем број на промени, како што се: Македонија да биде една изборна единица и воведување отворени гласачки листи.
е) Укинување на гласањето во дијаспората кој досега се покажа како лесен начин на манипулација од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
ж) ИТНО: ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане со кампањата која има експлозивни и популистички елементи, кои воедно се со изразен коруптивен карактер и се во изборен контекст.
Како заклучок на овој документ, ЦИВИЛ ги повторува и нагласува коментарите и препораките кои произлегоа од активностите, јавните дискусии, извештаите и анализите во изминатите неколку недели од страна на независни аналитичари и експерти, политичари, граѓанското општество и други релевантни чинители.
1. Според информациите во јавноста, наводно, владејачките партии се согласиле или инсистирале на уште неколку услови. Еден од овие услови е повлекување на Груевски три месеци пред изборите.
Коментар: Ова е неприфатлив услов. Целото владеење на Груевски и неговата влада говори против овој услов. Цврсто сме убедени дека неговиот начин на владеење нема да се промени и дека неговото учество во владата само ќе биде деструктивно.
2. Реформа на јавниот сервис МРТВ.
Коментар: Само со реформирање на јавниот сервис МРТВ ефектот ќе биде минимален, бидејќи и понатаму ќе останат коруптивните практики во поглед на останатите медиуми во земјата чие влијание е многу поголемо.
Оттаму, потребно е контролата на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ја преземе опозицијата во соработка со независни експерти.
3. Влада на министри и министри-супервизори составена од претставници на владејачките и опозициските партии.
Коментар: Ваква влада нема да функционира. Владејачките партии бесконечно ќе ги блокираат одлуките и ќе ги опструираат процесите кои таа влада треба да ги води.
Сите популистички и коруптивни мерки кои нема да бидат усвоени од страна на преодната влада, ќе бидат прогласени како пречки поставени од страна на „предавничката опозиција“ и од „странските тајни служби“.
Потребна е експертска влада составена со пресудно влијание и мониторинг на меѓународната заедница и граѓанските организации.
Завршна препорака: Предвремени парламентарни, претседателски и локални избори.
Цивил – Центар за слобода ги повторува барањата за предвремени локални и претседателски избори во 2016, истовремено со предвремените парламентарни избори.
Оваа изјава е врз основа на долгорочното набљудување на нашата организација и на заклучоците донесени во извештаите за изборите во 2013 и 2014 година, како и други извештаи и анализи и јавни барања од страна на државни и други релевантни организации и институции на национално и меѓународно ниво.
