“Блумберг”: Блиски на Путин помагале криминална група во Шпанија

од desk3
76 прегледи

Повеќе од 10 години луѓе од најблиското опкружување на Владимир Путин помагале една од најголемите криминални групи кои оперираат во Шпанија. Тоа го соопштува “Блумберг”, повикувајќи се на извештај од 488 страници, изготвен од страна на инспекторите од Мадрид.

Image_4847894_407

Меѓу поданиците на рускиот претседател кои ја помагале криминалната група, се вицепремиер, двајца поранешни министри и претседател на Одборот на директори на “Гаспром”, прецизира агенцијата.

Според инспекторите Хуан Караула и Хозе Гринда учесници во петербургската Тамбовска криминална група пристигнале во Шпанија во 1996 година, за да обезбедат перење пари добиени по криминален пат. Во тоа време, Владимир Путин беше заменик-градоначалник на Санкт Петербург.

Шпанските иследници му предале на судот во Мадрид и илјадници записи на разговори, документи за банкарски трансфери и трансакции со недвижности, извршени од криминалната група.

Според поднесеното во судот барање обвинети во овој случај ќе бидат 27 лица. Има и барање за конфискација на куќа на Мајорка која припаѓа на рускиот пратеник Владислав Резник. Според “Блумберг” токму Резник може да стане единственото руско службено лице кое ќе добие обвинувања за тоа дело.

Според инспекторите, преку овој пратеник криминалците во Шпанија лобирале за именување на нивни лица на важни позиции во Русија со поткуп, даван најчесто во форма на шпанска недвижност. Името на Владимир Путин се споменува во материјалите од извештајот три пати.

По тој повод прес секретарот на Путин Дмитриј Песков изјави, цитиран од “Ведомости”, дека тоа е “апсолутна бесмислица. И дека напишаното од шпанските иследници “излегува надвор од границите на разумното”. Од своја страна, пратеникот Резник изјави дека не е прекршуван законот, а документираните неговите врски со шефот на Тамбовската криминална група се “исклучително социјални”.