Русија ја проверува законитоста на независноста на Литванија, Летонија и Естонија

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Руското обвинителство започна проверка на законитоста на одлуката на Државниот совет на СССР во 1991 година за признавање на независноста на Литванија, Летонија и Естонија , соопштува РИА “Новости”.

руска ферефер

Пратениците од владејачката партија “Единствена Русија” Евгениј Фјодоров и Антон Романов поднеле барање до јавниот обвинител Јуриј Галеб. Според нив со оваа одлука бил нарушен суверенитетот на поранешниот Советски Сојуз и беше ставен во акција механизмот за распадот на државата .

Тезата на пратениците е дека Државниот совет на СССР бил привремен орган, кој беше формиран на 5 септември 1991 година Во него влегувале тогашниот советски претседател Михаил Горбачов и вишите раководители на 10 сојузни републики. Неговото создавање сепак било нелегално, бидејќи тоа не било предвидено во Уставот на тогашниот СССР.

rus2

Пред неколку дена руското генерално обвинителство изјави дека одлуката за предавање на полуостровот Крим од составот на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) во составот на Украинската ССР во 1954 година е спротивно на советското законодавство и на уставот на СССР .

Во писмото на обвинителството се забележува дека Президиумот на Врховниот совет на РСФСР и на СССР немаше ингеренциите да донесува одлуки поврзани со територијалните уредувања на републиките.

Предавањето на Крим на Украина станува по иницијатива на Никита Хрушчов , кога тој беше на чело на советската комунистичка партија и на советската држава.Тој како советски и партиски државен раководител бил од украинско потекло.

Vox објавува “Балтичкo сценарио” за војна меѓу Русија и НАТО