Првата дама на САД Мишел Обама беше домаќин на првиот од ваков вид “Камп во Белата куќа” (White House Campout). Шаторите ги распослаа педесет и четири – девојки извидници на Јужниот тревник на претседателската резиденција во Вашингтон.
Настанот е дел од иницијативата за промовирање на физичка активност кај деца и семејства. Тие беа повикани да ги искористат можностите кои им ги дава летото да излезат на отворено и во националните паркови на САД.
