Се сменија улогите на видеата. Сириски бунтовници измачуваат борци на ИД

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Хаосот и варварство во Сирија постојано достигнуваат незапаметени величини. Досега, ако беввме вчудоневидени од односот на борците на ИД кон останатите, овој пат, група на сириски бунтовници, одлучи да се одмаздат. Бунтовничка група Јаиш Ал-Ислам, направи пропагандно видео, во кое нивните борци, облечени во портокалово, извршуваат убиства на борци од ИД, кои се облечени во црно.

Светот беше постојано згрозен од видеа на егзекуции во која улогите беа обратни – џихадисти во црна облека убиваат цивили, новинари, затвореници, кои беа облечени во портокалови костуми. Сириските бунтовници имаат убиено 13 борци на ИД пред камерите, а “Армијата на исламот”, како што себеси се нарекува терористичката група, вбројува околу 60 бунтовнички фракции во Сирија и има околу 25.000 борци.

“Алах не направил болест, а за неа да нема лек”, рече пред извршувањето на убиството командантот на групата, а џихадистите во синџири се клекнати пред своите џелати, пишува Daily Mail. До неодамна, ситуацијата беше сосема спротивна. На “пропагандно” видео, кое трае 19 минути, беа покажани лицата на сите 13 џихадисти, и пред нивната егзекуција им беше даден и последниот пијалок.

Во април 2015 година, истата група објави видео на својата војска парада, на која учествуваа 1.700 војници, многу тенкови и специјални сили од своите редови.