Новата национална воена стратегија на САД, објавена од Пентагон, посочува четири држави, меѓу кои и Кина, како земји кои можам да загрозат интересите на САД во областа на безбедноста, пренесе Франс прес.
“Го поддржуваме подемот на Кина и ја охрабруваме да стане партнер со цел постигнување на поголема меѓународна безбедност, но аспирациите на Кина врз речиси целото Јужното Кинеско Море не одговараат на меѓународното право”, се наведува во документот кој содржи околу 20 страници.
“Агресивните” градежни активности на Пекинг врз вештачки острови во зоната дозволуваат распоредување на вооружени сили среде витални морски патишта “, се додава во документот.
Трите други земји наведени во стратегијата кои “се обидуваат да стават под прашање клучни аспекти на светскиот поредок”, се Русија, Иран и Северна Кореја.
“Ниту една од овие земји не е држава кој бара директен воен конфликт со САД и нивните сојузници. Сепак секоја од овие земји предизвикува сериозна загриженост во врска со безбедноста”, се додава во документот.
Американската национална воена стратегија ја нагласува исто и заканата што доаѓа од екстремистички организации како “Исламска држава” или Ал каеда.
“Денес веројатноста од американското вклучување во конфликт со некоја моќна држава може да се смета за слаба, но сепак е зголемување. Но за сметка на тоа екстремистички организации, прибегнуваат кон насилство, претставуваат непосредна закана за меѓурегионална безбедност благодарение на тоа дека тие ги користат новите технологии за пропаганда, сајбер војните или за создавање на експлозиви “, се вели во документот.
“Меѓународниот контекст поврзан со безбедноста е непредвидлив, откога и да била во 40-тие години на воена служба”, вели во предговор кон стратегијата генерал Мартин Демпси, претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД.
“Идните конфликти ќе се јавуваат побрзо, ќе траат подолго и ќе се водат на бојно поле, што во технолошки план ќе бара повеќе напори”, вели тој.
Веќе десетина години кинескиот воен буџет бележи двоцифрен раст со исклучок на 2010 година кога порасна само со 7 отсто. Кина постигна напредок во областа на развојот на проектили и тоа предизвикува загриженост кај американските стратези, забележува агенцијата.
