Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ денеска соопшти дека во опозициската СДСМ не ги разбираат препораките од Европската унија кои се во насока на континуирано подобрување на стандардите и функционалноста на институциите, пренесува МЕТА.

„Во тој правец се и активностите и на Владата и на Собранието и на сите останати институции. Ако на СДСМ им сметаат активностите на државните институции во насока на исполнување на критериуми и стандарди, тогаш тоа е нивен партиски проблем, а не проблем на државата“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека фондацијата СОРОС ги руши професионалните стандарди во новинарството и македонските медиуми, истакнувајќи дека во изминатите години фондацијата доделила 92 милиони евра медиуми и новинари за да водат дневно партиска агенда.
„Единствена цел на СДСМ и Зоран Заев е да се приграбат до власт без избори и без поддршка од граѓаните, плашејќи се од судот на народот, кој девет изборни циклуси им кажува не на избори“, стои во соопштението./МЕТА