Новиот луксузен трговски центар, кој ќе биде отворен во Катар следната година, ќе биде со големина на 50 терени за фудбал, или 500.000 квадратни метри.
Ова ќе го направи Катарскиот центар најголемиот забавен комплекс во земјата, целта му е да стане најпосетената дестинација за пазар во целиот Блиски Исток.
Освен на своите импресивни димензии трговскиот ќе се радува и на најголемото 3D IMAX кино во светот.
Во центарот на трговскиот комплекс ќе има специјално посветен простор со стаклена купола со големина на три фудбалски игралишта, за да може во комплексот да влегува сончева светлина.
„Молот“ ќе вклучува во себе одделни продавници, ресторани, 17 кина, градини, кафулиња, фонтани и специјално организирани уметнички програми, вкупниот број на кои е над 500. Комплексот, кој се наоѓа во близина на стадионот “Ал Рајан”, подготвуван за Светското првенство во фудбал во 2022 година, се очекува да привлече околу 20 милиони посетители само во првата година по отворањето.
Вкупната вредност на проектот е во износ од над 823 милиони долари.
Откако биде изграден комплексот ќе се нареди до трговскиот центар во Дубаи како еден од најголемите трговски центри во светот.