Унгарски ентузијасти дизајнираа персонално летало со назив Flike. Прототипот веќе поминува низ првите проби. 
Flike претставува трикоптер, опремен со три двојни пропелери, кои се придвижуваат со електромотори. Напојувањето на последните се остварува од литиум-јонски акумулатори.
Прототипот на Flike со летачка тежина 210 килограми се отцепил успешно од земјата задржувајќи се неколку секунди во воздух и потоа меко слетал. Ова е позитивен резултат, особено имајќи предвид дека проектот се развива само од околу година.
Програмерите тврдат дека во финална верзија Flike ќе може да лета со едно полнење на батериите 15-20 минути во режим во место и 30-40 минути во нормален лет. Управувањето на трикоптерот не е покомплицирано од управувањето на обичен мотор.
Flike е опремен со средства за обезбедување на безбедност, кои овозможуваат да се изврши слетување дури и ако еден од пропелерите излезе од функција/ Сега ентузијастите дизајнираат втор прототип на трикоптерот. Во иднина овие летала може да влезат во сериско производство, додека програмерите да најдат инвеститори за својот проект.