(ВИДЕО): Интервју со Ристо Гуштеров во „Топ тема“

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Ви го пренесуваме вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ на Телма каде гостуваше бизнисменот Ристо Гуштеров.

hqdefault.jpg11

Една од темите на разговор беше инвестицијата на „Џонсон Контролс“.

„Пред да дојде на власт Никола Груевски, кога беше на власт Владо Бучковски, јас ја договорив инвестицијата на „Џонсон Контролс“ во Македонија, за која многумина се чудеа. Тогаш ми честиташе и Груевски, но откако дојде на власт ми се јави на телефон и сакаше да разговараме за инвестицијата. Му реков не може по телефон, и отидов во неговиот кабинет, не во владата, туку во таа жолта зграда во која беше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, не сегашната дивоградба, и тој ми рече дека тој имал и коалициски партнери, морал да мисли на нив… и на крајот ме праша „Кој е твојот интерес во ова?“, рече бизнисменот Ристо Гуштеров во вечерашното гостување на Телма, велејќи дека овој момент првпат го соопштува во јавност, пренесе.

Тој инвестицијата на „Џонсон Контролс“ ја нарече зародиш на странските инвестиции во Македонија.