САД денеска го одбележуваат националниот празник, Денот на независноста. Тоа ќе се случи со голема претпазливост по повикот на властите.

Американскиот Стејт департмент направил проверка на безбедноста на американските дипломатски претставништва во светот во пресрет на 4 јули, соопшти неговиот портпарол Џон Кирби, цитиран од агенциите.
Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо нареди заострување на мерките за безбедност во целата држава во одговор на повикот за внимателност, упатен од федералната влада, пренесоа агенциите.
Околу 7.000 полицајци и речиси сите вработени на одделот за борба со тероризмот ќе ги обезбедуваат празничните манифестации во градот Њујорк.
Зголемената внимателност се наложува поради терористичките напади во светот минатата недела, и одговорноста за кои ја презеде џихад група “Исламска држава”. Главниот град на САД Вашингтон беше алармиран во четвртокот од сигнал за снимање во комплексот на морнарицата, кој се покажа како лажна.
Инаку денес САД по 239-ти пат го одбележува националниот празник. На овој ден во 1776 година е потпишана Декларацијата за независност од британската империја