(ВИДЕО) Настапите на второпласираниот Трајче во финалето на „Пинкови ѕвездички“

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Нашиот прекрасен претставник Трајче Георгиев од Струмица кој беше еден од фаворитите на шоуто уште од почетокот на шоуто „Пинкови ѕвездички“ заврши втор во битката помеѓу него и Марија Сердар.637042_pinkove-zvezdice-finale-27040715ras-foto-djordje-kojadinovic_ff

Трајче кој сега има 14 години преживеа подеми и падови на самодовербата, од срамежливо мало момче се претвори во голем пејач, но во ниеден момент не престана да воодушевува со својот талент.

Струмичанецот во финалната емисија се претстави со песните „I just called to say i love you”, „Јано мори“, „I who have nothing“, „Pray“. За вечерта тој најави дека ќе настапи со неговата омилена македонска изворна песна која ја чувал токму за последниот настап. Песната „Pray“ пак ја изведе свирејќи на пијано.

Инаку Георгиев од жирито освои многу пофалби за неговите маестрални изведби и за емоциите кои ги пренесува на сцена, а пејачката Гоца Тржан го покани да и биде специјален гостин на нејзиниот настап на 19 јули во рамките на прилепски Пиво фест.

Победникот во вчерашното издание на суперфиналното шоу „Ѕвездичките на Пинк“, беше Марија Сердар, 13-годишната девојка со неверојатен глас, која воодушеви уште од првата своја аудиција и ја доведе Јелена Томашевиќ до солзи.

https://www.youtube.com/watch?v=9Gsrev6QDyI

https://www.youtube.com/watch?v=AKrjwzkzNtg

https://www.youtube.com/watch?v=nJe1_4FXvi4

https://www.youtube.com/watch?v=MZoa_JFRj5A