(ВИДЕО) Сите настапи на Трајче Георгиев до финалето на „Пинкови ѕвездички“

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Нашиот прекрасен претставник Трајче Георгиев од Струмица кој беше еден од фаворитите на шоуто уште од почетокот на шоуто „Пинкови ѕвездички“ заврши втор во битката за победа помеѓу него и Марија Сердар.637042_pinkove-zvezdice-finale-27040715ras-foto-djordje-kojadinovic_ff

Тој испеа 4 песни и уште еднаш ги освои воодушевувањата како од публиката, така и од жирито. Настапите од вчерашната вечер можете да ги погледнете ТУКА.

Трајче кој сега има 14 години преживеа подеми и падови на самодовербата, од срамежливо мало момче се претвори во голем пејач, но во ниеден момент не престана да плени со својот талент. Сите негови настапи во шоуто можете да ги погледнете во продолжение.