Природната мермерна катедрала во Чиле

од Vladimir Zorba
95 прегледи

“Мермерните пештери” во Патагонија, Чилесе се можеби најубавите пештери во светот. Тие имаат 6 илјади години и се наоѓаат во езерото “Џенерал Карера” во јужниот дел на земјата, а половина од езерото е во Аргентина, но пештерите се во чилеанскиот дел.7ccd2c4145e85c176c19dc836e778d12

Азурниот мермерен храм е уникатна геолошка формација од шуплини, тунели и колони, создадени во монолитност од мермер и извајани од брановите.

Пештерите се нарекуваат уште “Мермерната катедрала” поради убавите карпести формации кои се одразуваат уникатно во тиркизните води на езерото, а тоа се менува според нивото на водата, времето и сезоната.

За да стигне до “Мермерната катедрала”, човек треба да се впушти во долго и тешко патување, почнувајќи со лет до чилеанската престолнина Сантијаго.

Потоа треба да се патува околу 1.600 километри по главните автопати во земјата до градот Којакје, а потоа уште околу 400 километри по нерамен правлив пат до езерото, за на крај да има и пловење со брод.

Патувањето е долго и тешко, но пак волшебната убавина на пештерите дефинитивно вреди за напорот!

Видете фотографии од униканиот природен мермерен храм во галеријата.