Знаците кои покажуваат дека мажот со кого сте се запознале неодамна, сака само секс, но не и сериозна врска, ги открива “Хафингтон пост”.
Првиот – тој забележува само тоа како изгледате. Мажите кои сакаат врска, би ви дале комплименти за интелигенцијата, чувството за хумор или принципите. Оние кои сакаат само секс, сепак, ќе се фокусираат само на надворешниот изглед.
Второ – разговорите секогаш стануваат интимни. Независно од тоа како почнува дијалогот, тој секогаш завршува на ист начин – со разгледување на сексуални детали.
Трето – коментарите и пораките се секогаш несолени. Пораки од типот на “Во што си облечена сега” наместо “Како ти помина денот?” ги покажуваат јасно намерите на испраќачот.
Четврто – средбите се секогаш на пица или директно кај вас. Мажите кои се заинтересирани за вашата личност, ќе сакаат да ве покажат на светот или да правите заедно нешто интересно надвор од домот. Останатите сепак не гледаат смисла во слични активности.
Петто – нивната идеја за забава е гледањето на некој филм или слушање музика. Откако ќе забележат дека средбата на парче пица не е доволна, мажите кои сакаат само секс, ќе се обидат да создадат илузија дека правите нешто заедно, па ќе ве одведат на кино. Мажот заинтригиран за вас маж сепак ќе понуди различни активности, за да види колку си одговарате во различни ситуации.
Шесто – се лутат, ако одбиете секс. Господинот, кој се стреми кон врска, нема да направи драма од тоа што сте им откажале интимност.
Седмо – секогаш одат право во спалната соба. Сериозен маж ќе сака да слушне како ви поминал денот, да разговарате или едноставно да поминете време заедно. Мажите кои сакаат само секс, сепак, немаат потреба да слушаат што сте правеле денес на работа.
Осмо – љубовната игра секогаш е кратка. Мажот кој ви се допаѓа, ќе сака да ви достави задоволство како на вас така и на себе. Другиот тип мажи сепак не гледаат потреба да се грижат за вашиот оргазам.
Деветто – никогаш не останува во текот на ноќта. Тоа секогаш е погодно, се разбира, но мажот кој сака само секс, ќе си наоѓа илјади изговори – работа рано наутро, планови со пријателите или со семејството, но никогаш планови со вас.