Кина не го сака, па дури и се плаши од него. Тој, пак, е убеден дека треба да биде последен духовен лидер на Тибет, за да не се здобие тибетанскиот народ со подјарменост на Пекинг. Денес Далај Лама наполни 80 години.
Всушност роденденот на Далај Лама се паѓа денес – 6 јули. Само што кога некој барем според традиционалната тибетски вера, се преродува за 14-ти пат, точниот датум можеби не е толку важен. Уште во крајот на април Далај Ламаја одбележа 80-годишнината во еден интернат на тибетски бегалци заедно со своето пријател Дезмонд Туту, кој исто така е Нобелов лауреат. На 21 јуни – неговиот роденден според тибетскиот лунарен календар – следеше церемонија во неговата резиденција во Северна Индија. Недела подоцна неочекуваниот гости на поп-фестивалаот во Гластнбри беше поздравен од 100 илјади луѓе со “Happy Birthday” непосредно пред да ја произнесе пред нив својата проповед во заштита на љубовта, простувањето и толеранцијата. На 6 јули Тибетскиот духовен лидер ќе го одбележи неговиот роденден во калифорнискиот универзитет Ирвајн каде е гостин на “Глобална средба на емпатијата”.
Од “најпознатиот емигрант” до “волк во овча кожа”

Значи и во деновите околу својот роденден Далај Лама продолжува со тури низ светот. Од нив сепак е исклучен родниот Тибет. Во Ласа сигурно нема да има прослави во чест на нобеловецот. Таму се забранети дури портретите на најпознатиот “емигрант во светот”, како што понекогаш се нарекуваат Далај Лама од времето на бегството во Индија во 1959 година. Најмногу Тибетанците потајно ќе запалат свеќи и ќе се помолат за него.
Во Кина Далај Лама е презентација за сепаратист и “волк во овча кожа” – поради неговата борба за поширока тибетски автономија. Секое негово обраќање веднаш бива оцрнување. Дури и кога во 2011 година Далај Лама се повлече од функцијата на политички лидер на тибетската влада во егзил, за да го отстапи на избран од Тибетанците премиер, кинеската влада се дигна против него и виде во тоа “трик за заблуда на меѓународната заедница” . Оттогаш наваму климата воопшто не се подобрила, особено по интервјуто за ББЦ на крајот на 2014 година, во кое Далај Лама објави дека може да е последниот духовен лидер на Тибет. Според него, подобро е институцијата да престане да постои во момент кога на нејзино чело ќе стои еден популарен Далај Лама, наместо да се ризикува неговиот наследник или наследничка да стане предмет на потсмев , изјави Далај Лама.
Пекинг сака нов Далај Лама
Токму атеистичка влада во Пекинг, меѓутоа решително инсистира на “реинкарнација” на Далај Лама. На седница на Кинескиот национален конгрес во март многу кинески функционери остро го нападнаа тибетскиот духовен водач заради тезата за иднината на институцијата. “Прашањето за реинкарнацијата (според будизмот) на Далај Лама, за крајот на оваа институција и наследникот е во надлежност само на централната влада во Кина”, изјави висок кинески политичар, цитиран од “Њујорк тајмс”.
Прашањето за “реинкарнација” не е чисто религиозно, туку еминентно политичко. Кинеската доминација над “покривот на светот” е неоспорна по инвазијата на кинески војници во Тибет во 1951 година. Тибетската влада во егзил со седиште во Индија не е призната од ниедна држава во светот. Но, дури и повеќе од полувековното комунистичко владеење во Тибет не може да се промени фактот дека многу Тибетанци го почитуваат Далај Лама како свој врховен духовен водач и сакаат неговото враќање во татковината.
Нов Далај Лама – само со благослов на сегашниот
Долги години изгледаше како времето работи во корист на Пекинг. На крајот Далај Лама веќе е на возраст и еден ден ќе си отиде од овој свет. По неговата смрт кинеската влада може да се обиде со помош на подложни на влијание тибетски монаси, да покрене еден нов Далај Лама, за да го држи под контрола тибетскиот будизам и Тибетанците. Само што без изразување волја на сегашниот Далај Лама тибетанскиот народ никогаш не би го признал неговиот наследник.
Барем засега Далај Лама ужива во одлично здравје. Во интервјуто за ББЦ дури тој рече дека очекува да живее уште 15 до 20 години. Можно е тој да пречекува уште многу родендени, пред да стане актуелно прашањето за неговото раѓање.
