Моќноста на гасоводот “Турски поток” се ограничува двојно и најверојатно ќе сочинува само 32 милијарди м3, пишува економскиот весник “Взглјад”. Пред неколку дена е наредено на фирмите изведувачи на гасоводот на територијата на Русија, да ја прекинат изградбата на дополнителните делови и компресорските станции.Само пред три месеци од “Газпром” беа категорични дека ќе градат цевка со годишен капацитет 64 милијарди м3 за потребите на “Турски тек “и за таа цел ќе го изгради со целосна моќност положениот на руска територија” Јужен коридор “. По информацијата за запирање на изградбата сепак нема официјален коментар од компанијата.
Две се причините за оваа одлука. Од една страна, тешките преговори со Турција, иако гласно беше прогласувањето на одлуката за “Турски поток” од двајцата претседатели – Ердоган и Путин. Досега Русите имаат само една дозвола во последните 7 месеци – да вршат проектни студии во турските територијални води во Црното Море при тоа само за една цевка, а не за планираните четири.
Втората причина е цената на изградбата на гасоводот – таа се менуваше, и тоа значајно од 2013 година досега. Прво стануваше збор за 350, но конечно беше обелоденет износ од 715 милијарди рубљи. И тоа едвај е сè – само од почетокот на 2015 година руската компанија има инвестирано во изградба на “Јужен коридор” 300 милијарди рубли, а има план за уште барем 278 милијарди рубљи.
Одлуката на “Гаспром” значи само едно – дека Русите веќе признаваат дека моќноста на прокламираниот заменик на “Јужен поток” ќе биде само 32 милијарди м3, наместо 64 милијарди м3, како што беше планирано. Што автоматски го прави задолжително продолжување на договорот со Украина за транзит кон земјите од Источна Европа, вклучувајќи ја и Бугарија по 2019 година.
