Истражување со учество на две илјади дами откри дека просечната жена троши повеќе од еден час неделно во прашување “Што да облечам?”.
Тоа значи дека понежниот пол фрла три дена во годината во чудење што да облече. Бројките покажуваат дека секое утро жените мислат за облека во просек по 12 минути, а за време на викендот тоа време се скратува со две минути.
Оние кои не сакаат да губат време наутро, мислат што да облечат уште од претходната вечер, покажува истражувањето. И покрај внимателното планирање, 2/3 од жените признаваат дека пробуваат барем две комбинации пред да ја најдат идеалната тоалета. Околу 15% жалат за изборот и се враќаат да облечат нешто друго. Цели 25% редовно доцнат на работа, бидејќи не успеале да најдат што да носат.
Големите осцилации се за тоа дали алиштата се погодни за работа или не. Други грижи се поврзани со времето, изгледот и дали облеката изгледа добро.
