Во Украина владее хаос, но положба сеуште не е како во Грција

од desk3
91 прегледи

Грција не е единствената европска земја која балансира на работ на банкрот. Постои веројатност по неколку недели и Украина да биде принудена да изјави дека не е во состојба да плаќа дел од долговите кон приватните странски кредитори. Ако доверителите не се согласат со предложеното реструктуирање, украинската влада може да избере оваа опција за акција.

Poverty-a homeless man_thumb

На прв поглед изгледа дека ситуацијата во двете земји е премногу слична. Ако сепак се погледнеме одблизу, можеме да забележиме сериозни разлики. Грчкиот банкрот (и се приближува финансиска катастрофа) е предизвикан од паника и популистичко отфрлање на какви и да било обиди да се постигне договор со Европа, каде скептицизмот расте се повеќе.

Од друга страна неспособноста на Украина да се им плати на доверителите по акумулирани обврски е достојно за жалење, но мора да се надмине како пречка на патот кон финансиската реорганизација. Станува збор за долгови кои Украина ги има не кон Меѓународниот монетарен фодн (ММФ) и не кон Европската централна банка (ЕЦБ), туку кон група приватни кредитори. Всушност ММФ се согласи со Владата во Киев дека долговите (кои достигнаа 95% од бруто домашниот производ) се неостварливи и приватните кредитори треба да усвојат да го намалат двојно незгаснатиот долг.

Се разбира, засега овој предлог не наоѓа особен одговор и симпатија меѓу т.н. комитет на доверителите, создаден за да се водат преговори со украинското раководство. Во овој комитет влегуваат претставници на Franklin Templeton и на уште четири инвестициски фирми кои поседуваат украински државни обврзници со висок принос, откако ги добиле за време на владеењето на претходниот (проруски претседател Виктор) Јанукович, кога неговата влада активно ја купуваше народната поддршка, раздавајќи пари.

Благодарение на посредничките напори на ММФ оваа недела украинската влада и Комитетот на доверителите конечно треба да ги почнат преговорите за реструктуирање на долгот. Многу веројатно е сепак овие разговори да не доведат до потпишување на договор до 24 јули, кога Украина треба да им плати на приватни лица, имателите на нејзините обврзници- 120 милиони долари. Украинската влада не сака да посегнува на скромните девизни резерви (само 9 милијарди долари, кои можат да обезбедат само три месеци од увозот на земјата) за порамнувања, стравувајќи дека тоа ќе се одрази негативно на способноста да прави интервенции на девизниот пазар со цел да ја поддржи слабата националната валута – Хривнија.

На прв поглед може да ни се чинеше дека очајната економската ситуација во Украина е сосема логична и поволна почва за популистички бунт против странските инвеститори во грчки стил. За минатата година реалниот краен приход е намален за 24%. Инфлацијата нагло тргна нагоре (46% со годишно акумулација), а платите сериозно заостануваат зад неа. Официјалното ниво на невработеност е околу 10% и тоа е највисоката вредност за овој индикатор во последните 15 години. Сепак и покрај намалувањето на економијата со 9% оваа година нема никакви сигнали дека владата има намера да отстапи од преземените обврски за исполнување на макроекономски реформи.

За разлика од сегашната влада во Атина, Киев на сите начини ја нагласува желбата да ја реформира земјата и да ја врати финансиската благосостојба.

“Украина не е Грција”, изјави заменик-Гувернерот на украинската централна банка, додавајќи дека неговата земја темелно ги исполнува барањата на меѓународните финансиски институции.

При неодамнешната посета на Вашингтон украински заменик-министер за финансии направи уште поостра изјава. Украина, рече тој, покажа “добрата волја за спроведување на реформи за разлика (саркастична насмевка) од” популистите “во Атина.

Нешто исклучително важно – украинските политичари го зборуваат истото и на својот народ. Одговарајќи на прашање за надвиснатиот банкрот, повеќето украински пратеници, кои ја поддржуваат владината коалиција, ги занемаруваат ризиците или ја омаловажуваат нивната важност. Многумина брзаат да одбележат дека дури Украина да се откаже да се раздолжи на приватните кредитори, тогаш на неа и останува исклучително важната финансиска поддршка на ММФ, благодарение на која таа ќе врзе крај со крај. Таков ограничен “технички банкрот”, тврдат тие, не е целосно одбивање на Украина да стави во ред внатрешни финансии. Општо земено Украинците ги прифатќаат таквите изјави.

Се разбира, многу луѓе во земја не се задоволни и со оглед колку сериозни се економските тешкотии, поинаку не може и да биде. Најновите анкети на јавното мислење покажуваат: две третини од Украинците сметаат дека нивната земја се движи во погрешна насока. По парламентарните избори минатата година во есента нивото на поддршка на премиерот Арсениј Јаценјук, кој го утврди кабинет како “влада камиказа”, нагло падна. Но за разлика од Грција разочарувањето не се преплави во негативна реакција против самите странски инвеститори. Анкета од март покажа дека повеќето Украинци ја оценуваат позитивно ММФ, а не негативно.

Популистичките политички сили прават се што е можно за да грабнат парче од гласачкото торта во пресрет на локалните избори, кои се закажани за есента. Отворено или завиено тие ги критикуваат ММФ и реформите на кои Фондот беше иницијатор.

Лидерот на Радикалната партија Олег Лјашко исклучително енергично го критикуваше неизбежното зголемување на цените на бензинот. Поранешниот премиер Јулија Тимошенко негодува од девалвацијата на Хривната. Незадоволството на населението се експлоатира дури од остатоците од Партијата на регионите на Јанукович поради економската криза.

Последните анкетите покажуваат дека рејтингот на овие партии веќе се мерат со едноцифрена броеви. Иако заморот од континуираната војна со Русија и економскиот хаос во земјата, сепак Украинците немаат доверба на (политичарите), кои им нудат брзо решение на комплексни проблеми.

Наместо тоа многу граѓаните на Украина сакаат да застанат на страната на оние лидери кои отворено и искрено зборуваат за економските проблеми на земјата, а не популистички ветувања, како што прави грчката СИРИЗА. Родена во Чикаго министерката за финансии на Украина Наталија Јареско веројатно е еден од ретките лидери, што се разбира во тоа. Дури и кога цврсто стои зад мерките за строги финансиски заштеди, таа е меѓу ретките министри кои во медиумите и социјалните мрежи не подлежи на остра критика.