Таен договор меѓу Русија и Иран?

од desk3
87 прегледи

 

Русија ќе увезува нафта од Иран. Ова не е ли како Сахара да увезува песок? Не сосема, бидејќи зад овој план веројатно се крие посложена шема.

0,,16544700_303,00

Претседателите на Русија и на Иран Владимир Путин и Хасан Рохани ќе разговараат на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (СЦО), која започнува во четврток во рускиот град УФА. Во СЦО Иран има само статус на набљудувач. Сите досегашни обиди на Техеран да освои полноправно членство удри на камен, затоа и оваа организација не прифаќа земји, на кои се наметнати санкции.
Оружје за нафта

Се тврди дека во моментов Русија и Иран подготвуваат таен договор. Според информации во медиумите, Иран планирал да извезува за Русија нафта во вредност до 20 милијарди долари, а во замена требало да добие руската анти-авионски-ракетен систем S-300.

Иранскиот министер за нафта Бијан Намдар Занганеш изјави за официјалната новинска агенција Тасним дека уште во почетокот на јуни разговарал за овој проект со рускиот министер за енергетика Александар Новак. Руските медиуми јавуваат дека Иран ќе снабдува дневно 500 000 барели висококвалитетна сурова нафта, а во замена ќе добива руски стоки како челик, пченица и нафтени производи. Преку овој бартерален договор Русија ќе ја воспостави својата позиција на главен нафтен снабдувач во Централна Азија, а клиентите нејзини (вклучувајќи такви гиганти како што се Кина и Индија) ќе можат номинално да купуваат руска нафта, но да го обезбедуваат директно од Иран, без заобиколување во Русија.

САД и ЕУ ги критикуваат овие планови, со образложение дека пред да се покренат санкциите против Иран, договорот веројатно е незаконски. Самата Русија е исто така изложена на економски санкции поради анексијата на Крим. Според економскиот експерт Мехрад Емад кој е консултант и на Еврокомисијата, евентуалната зделка меѓу Русија и Иран нема да биде спротивна на меѓународните санкции, доколку се испорачуваат само “вообичаени” трговски стоки кои не спаѓаат во рамките на санкиците. “Во сегашната ситуација сум оптимист дека Русија ќе може да купува нафта од Иран”, вели Емад.

Во замена Русија ќе испорача на Иран различни стоки, вклучувајќи и системот за противракетна одбрана. Тоа не е напаѓачко оружје, објаснува поранешниот шеф на руските тајни служби ФСБ Николај Патрушев. Иран требало да користи лансери, за да гарантира националната безбедност, а не за да напаѓа други држави.
S-300 крај Ормутскиот теснец?

На друго мислење е московскиот оружен експерт Павел Фелгенхауер, кој смета дека со испораката на овие лансери Русија се нарушуваат санкциите наметнати од ОН. S-300 не е само одбранбен систем, појаснува Фелгенхауер, бидејќи дострелот достигнува 150 километри оддалеченост и 27 километри височина, од што следува дека може да поразува цели како бродови, авиони или копнени објекти.

И уште нешто: ако иранската армија распореди лансери S-300 крај Ормутскиот теснец, тоа многу ќе ги засили позициите на Техеран крај Персискиот залив. Ормутскиот теснец, кој се наоѓа под контрола на Иран, е најважното иглено уво за нафтени резерви во целиот свет. Во 2014 година 40 отсто од суровата нафта, која се продава на меѓународните пазари, поминале низ Ормутскиот теснец.