Бројот на сиромашни луѓе во светот е намален во првата деценија на 21 век, но малкумина се збогатија, посочува истражување на институтот “Пју”, цитирано од Франс прес.

Во 2011 година 15 отсто од светското население живеело со под 2 долари на ден и беше сметано за сиромашно. Оваа бројка била 29% во 2001 година
Поголемиот дел од светското население (56 отсто) продолжува да живее со ниски приходи (од 2,01 до 10 долари на ден).
Во 2001 година средни приходи (од 10,01 до 20 долари) имале 7 проценти од луѓето, а 10 години подоцна нивниот удел е веќе 13%.
Со 2 проценти се зголемени луѓето со средно високи примања, а на високи примања (над 50 долари на ден) се радува само 7 проценти од светското население.
Ова зголемување на приходите сепак не е доволно да се создаде средната класа на глобално ниво, истакнува студијата.