Петнаесет земји од ЕУ и Енергетската заедница се согласија да соработуваат во создавањето на гасни врски и инфраструктура и надминување на техничките и регулаторни промени кои ја попречуваат безбедноста на снабдувањето и развојот на целосно интегриран и конкурентен енергетски пазар на континентот, информира Европската комисијата.
Потпишаниот денеска во Дубровник Меморандум за разбирање постави за цел приближување на енергетските пазари на Европската комисија и Енергетската заедница. Меѓу наведените цели е и создавање на стабилна регулаторна и пазарна рамка, која да ја подобри инвестиционата клима.
“Овој регион е многу важен за Европа, особено што се однесува до безбедноста на снабдувањето со енергија. Подобрувањето на инфраструктурата преку реални и остварливи проекти е клучен за диверзифицирането на енергетските ресурси и зајакнувањето на издржливоста на шокови во снабдувањето”, изјави комесарот за енергетскиот унија Марони Шефчович.
Комесарот Ариас Канете од своја коментира дека регионалната соработка е клучен за интеграцијата на енергетските пазари. “За оваа причина соработка помеѓу Централна и Југоисточна Европа е клучно за обезбедување на снабдувањето со енергија и ниските цени за клиентите во регионот”, рече тој.
Работата на иницијативата нема да се фокусира само на изградбата на нови гасоводи, но и врз најрационалното користење на постоечката инфраструктура, на пример за целите на обратни испораки.
Одреден број инфраструктури проекти, на пример Трансјадрабскиот гасовод терминалот за течен гас во Хрватска, подобрувањето на мрежите во Бугарија и Романија, интерконекторите меѓу Грција и Бугарија и Србија и Бугарија се главен приоритет според акциониот план кон меморандумот.
Се очекува овие проекти да бидат финансирани од учесниците во пазарот, но е можна и интервенцијата на Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, која ќе овозможи навремено завршување. Страните може да бараат средства и од Европскиот фонд за стратешки инвестиции.
Меморандумот е потпишан од Австрија, Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Унгарија, Италија, Романија, Словачка, Словенија, Албанија, Македонија и Украина, а се очекува во иднина кон него да се приклучат и Босна и Херцеговина и Молдавија.
