Началникот на Генералштабот на копнената војска на САД генерал Рејмонд Одиерно има намера значително да го прошири бројот на американските сили, кои во случај на конфликт со Русија, би можеле да бидат префрлени во Европа. Американскиот стратег исто така смета за потребно да распореди во Германија тешка воена техника во обем, доволен за опремата на мотокопнена бригада. Ова тој изјави во интервју за The Wall Street Journal.

“Тоа би ни овозможило брзо да го засилиме НАТО, ако се појави потреба. Се надеваме дека Русите нема да ја провоцираат кризата, но ние секогаш треба да сме подготвени. Треба да одлучиме како да ги зајакнеме фронтовите сили “, рече Одиерно.Генералот размислува да распореди во Германија дополнителна воена техника, доволна за опремата на бригада, вклучувајќи тенкови и БМП, за да се овозможи брзо распоредување на силите во Европа. Се забележува дека плановите за кои станува збор, ќе станат прилог на најавеното порано од шефот на Пентагон Аптн Картер испраќање на американски тенкови, гаубици и БМП во земји од Источна Европа. Одиерно исто така, објави дека има намера да ја подготви а во Колорадо 4-та пешадиска дивизија за испраќање во Европа. Ова ќе значи дека бригадите од оваа дивизија, хеликоптерите и специјалистите по логистика редовно ќе бидат испраќани во Европа за учество во воени вежби. За намерите на началник на штабот на копнените сили на САД станува познато во момент кога Пентагон соопшти за намалувањето на 40 000 војници во копнената војска во наредните неколку години – од 490 до 450 илјади. Одиерно е силно вознемирен од тоа, бидејќи очигледно ќе треба да се крати од нешто друго. Војниците нема да може да ги задржи во потребниот број и сили и на Блискиот Исток, и во Европа, и во Јужна Кореја, како и во пацифичкиот регион.