Едно лице загина во силната експлозија во египетската престолнина Каиро, која се случи пред италијанскиот конзулат рано утринава. Ова го соопшти АФП, повикувајќи се на зборовите на портпаролот на египетското Министерство за здравство. Не е јасно дали починатиот е вработен на силите за безбедност, или случаен минувач. Египетски медиуми прецизираат дека експлозијата избувнала во автомобил-бомба, кој бил паркиран во близина на зградата на конзулатот.
Други пет лица се повредени за време на експлозијата, пренесоа Газета.ru. Двајца полицајци и тројца минувачи се со различни повреди. Сеуште не се знае кој е сторителот и какви биле неговите мотиви.
Италија нема да се уплаши од експлозијата. Тоа го изјави по повод случајот италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентолини, цитиран од АФП. Тој истакна дека во мислите е со настраданите во експлозијата.