Полска првa се солидаризира со сириските христијани, за почеток прими 158 лица

од desk3
79 прегледи

Во Полска пристигнаа 50 семејства на сириски христијани – 158 лица, од кои 12 деца. Авионот со бегалците слета денеска на меѓународниот аеродром во Варшава, соопшти ТАСС.

Syrian-Christians

Претставник на полскиот фонд “Естер”, кој го организираше летот, рече дека во следните неколку дена пристигнатите од Сирија имигранти ќе поднесат во Полска документи за добивање на статус на бегалци, а потоа ќе заминат за местата каде што ќе живеат. Тие ќе бидат сместени во Варшава, Познан, Вроцлав и Бјалисток.

Куќите се најмени од фондацијата “Естер”.

Не демнат многу опасности, но најмногу од страна на “Исламска држава”. Стигнавме во Полска со надеж да најде тука втора татковина, изјави за новинарите едно од сириските семејства со деветмесечно бебе.

Сириските семејства кои ќе бидат сместени во Полска, се главно од Дамаск, но и од други сириски гладови. Тие пристигнаа со чартер лет од Бејрут, каде добиле визи во полската амбасада, соопшти полската телевизија TVN24.

Минатата година 6,6 илјади луѓе побарале од полската управа за прашања на странците да им биде обезбеден бегалски статус. Позитивен одговор добиле само 262 странци, вклучувајќи 116 сириски граѓани, истакнува ТАСС.

Фондацијата “Естер”, која им помага на прогонувани сириски христијани да се сместат во Полска, се водени од Миријам Шадед која е од сириско-полско семејство, соопшти полската агенција ПАП. На крајот на 2014 година со барање за помош кон Шадед се обратиле католички свештеници од Дамаск. Фондацијата изјави дека заедно со други организации е во состојба да обезбеди во Полска алиментација и грижа за околу 1.500 луѓе и се надева дека ќе успее да евакуираат уште христијани од Сирија.