(ВИДЕО) Страшен вулкан во Мексико е пред моќна ерупција

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Повеќе од 800 луѓе кои живеат во регионот на мексиканскиот вулкан Колима, се евакуирани вчера, поради неговата постојана активност и стравувања од можна моќна ерупција, соопштија локалните власти. Вулканот се наоѓа на територијата на државите Колима и Халиско. Го нарекуваат “огнениот вулкан”, бидејќи е од најактивните во Мексико – од 1576 година се регистрирани над 40 негови ерупции.20150712.gwgjmqtmxj (1)

МВР информира дека според експертите е одбележана нетипично висока активност на вулканот, кој многу наликува на неговата состојба во 1913 година кога се случила најсилната ерупција во историјата на Колима. Таа е посилна и од зголемената негова активност во 2006 година.

 При набљудувања со роторот е забележано дека потоците лава продолжуваат да се собираат на падините и веќе достигнале околу 9 километри од кратерот. Ова е причината за евакуација во радиус 12 км. Затворен е националниот аеродром Колима за приватни и комерцијални летови.