Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна на разговорите во Брисел по прашањето за решавање на должничката криза на Атина, објави “Дејли телеграф”.
По пристигнувањето Ципрас истакна пред новинарите дека бил “подготвен на чесен компромис”. “Им го должиме тоа на сите народи во Европа, кои сакаат да ја видат Европа обединета, не поделена. Можеме да постигнеме договор вечерва, ако сите учесници во преговорите го сакаат тоа”, дополнил Ципрас.
Средбата на шефовите на државите на еврозоната ќе започне во 16 часот. (18:00 ч. по македонско време), ако дотогаш завршат работа министрите за финансии на 19-те земји од системот на единствена валута, кои треба да подготват препорака кон државните раководители за склучување на договор за понатамошно преференцијално кредитирање на Грција или за илегување од монетарната унија.
Грција е на праг на банкрот, рефлектиран од спасувачката финансиска помош, задоцнетите плаќања на Меѓународниот монетарен фонд. Овој месец нашиот јужен сосед треба да плати огромни суми, со што би се тргнала заканата дека наскоро може да ја напушти еврозоната.
Во меѓувреме, францускиот претседател Франсоа Оланд ја отфрли идејата за привремено излегување на Грција од еврозоната. Тој рекол дека Грција или е внатре, или е надвор. Пред новинарите во белгиската престолнина Оланд истакнал: “Во облогот е Европа. Воопшто не станува збор само за иднината на Грција. Зборуваме за концептот што го имаме за Европа. Има Grexit и не-Grexit. Грција е во еврозоната или надвор од неа. Но, ако е надвор од еврозоната, Европа ќе се намали. “
Германскиот канцелар Ангела Меркел, која ибрала за самитот бело сако, изјави (на германски) дека ситуацијата е “особено тешка” и останува да се види дали разговорите ќе се успешни. Таа додаде дека допрва претстојат тешки дискусии и Германија нема да се согласи за нов договор по секоја цена.