Храната е прозорец кон душата. Преференциите кон одредена храна покажуваат не само какви личности сме, но и какви сме во сексот. Која е вашата омилена храна и што покажува за вашиот сексуален живот, видете во следните редови.
Зачинета храна – Љубителите на зачинета храна сакаат да го креваат адреналинот и да преземаат ризици, особено во сексот. Тие се страстни и сакаат да го прават тоа на ризични места.
Пица – Љубителите на пицата дефинитивно се мрзливи во кревет, но и неособено издржливи. Ако сексот со нив трае 30 минути, тоа е вистински рекорд.
Пире од компири – Ако не може да седнете на масата без да имате гарнир од вкусно пире од компири, тогаш за вас може да се каже дека ви се допаѓаат сите секс пози во кои сте легнати.
Крцкаво пилешко – За вас во сексот секогаш треба да има зачин. Ова може да е миризлива свеќа или други афродизијаци. Но, секогаш сакате да има разновидност.
Различни видови на сладолед, сирупи и бакнежи – За вас може да се каже дека сте откачени во кревет. Љубите да вклучите храна во сексуалните игри, како крем, чоколадо, а аналниот секс ви испорачува неверојатни задоволства.
Суши – За љубителите на суши е карактеристично дека сакаат да имаат секс во пози кои бараат повеќе флексибилност и издржливост.
Ванила сладолед – Од вас не може да се очекува којзнае што во кревет. Вие сте здодевни во сексот.
Корнфлекс – Ако корнфлекс е вашата омилена храна и ја јадете не само на појадок, тогаш дефинитивно сакате да мастурбирате.
Слатки – Љубителите на вкусни слатки не само што сакаат да се самозадоволуваат, но сакаат да го прават тоа почесто пред партнерот, отколку кога се сами.
Чоколадо – Без разлика дали сакате млечно или црно чоколадо, вие сте љубители на романтиката во сексот, а мисионерската поза е една од најчесто практикуваните.
Макарони со сирење – За вас сексот е забавен и возбудлив, но максимално поедноставен. Нема камшици, садо-мазо игри.
Добро испечен стек – Љубителите на сочно печено месо се страстни и доминантни во сексот. Им се допаѓа диво и “кучешката” секс поза.
Рижото – За оние кои претпочитаат вкусно и добро направено рижото, може да се каже дека се љубители на тантричкиот секс.
Путер од кикирики – Сè што сте научиле за сексот е не толку од вашето искуство, колку од гледање на порно.
Овошни колачи – Ако сте љубители на вкусни домашни колачи подготвени со ароматични плодови, за вас може да се каже дека имате сензуален секс и цело време не престанувате да гледате во очите на партнерот.
Замрзнат јогурт – замрзнатиот јогурт е фаворизиран од луѓето кои често симулираат оргазам.
Пуканки – Ако сте маж и омилени ви се пуканките, тогаш дефинитивно имате проблем со прерана ејакулација.